Џенифер Лопез каде и да се појави, не останува незабележана. За гостувањето во шоуто на Џими Кимел, сексапилната актерка и пејачка избра црвен фустан кој ги потенцираше нејзините облини.
45-годишната ѕвезда забрзуваше пулсови во припиен фустан од модниот бренд Preen и црвени обувки од Casadei.
Лопез беше фотографирана додека се упатуваше во студиото на Кимел.
Покрај Џенифер, во шоуто на Кимел гостуваа и нејзините колеги од „American Idol“ Кит Урбан и Хери Коник Џуниор.