Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Едина Муса тренира со тегови и во бременоста: „Носењето на два животи во едно тело е СУПЕРМОЌ“

Едина Муса тренира со тегови и во бременоста: „Носењето на два животи во едно тело е СУПЕРМОЌ“

Едина Муса си ја врати енергијата и сега е незапирлива. Македонската кошаркарка, која го очекува првото дете, сподели видео од свој тренинг во фитнес сала, за да покаже дека тренингот е здрав и за мајката и за бебенцето.

„Бремената жена не е болна жена. Всушност, носењето на два животи во едно тело е СУПЕРМОЌ!“ – вели таа.

Едина Муса

Погледнете го видеото и прочитајте ја нејзината порака:

Лежењето во кревет, јадењето за двајца и честото конзумирање нездрава храна со изговор дека детето ви го бара тоа, се навистина погрешни навики. Ако бременоста поминува без компликации, не ја третирајте како болест – бремената жена не е болна жена. Всушност, носењето на два живота во едно тело е СУПЕРМОЌ!

Кога гледате трудници како безбедно вежбаат, важно е да разберете дека тоа не е само за нивното здравје, туку и за здравјето на бебето.

Бебињата родени од мајки кои вежбале за време на бременоста имаат:

  • зголемени поттикнувања на мозокот и ендорфини;
  • напреден невроразвој при раѓањето;
  • нивните срца се посилни и поздрави благодарение на подобрениот проток на крв.

Од друга страна, жените кои редовно вежбаат за време на бременоста имаат:

  • пократок и помалку стресен пораѓај,
  • како и помалку случаи на хипертензија и ниска родилна тежина.

21. недела од 2 срца во едно тело.

@edinamusa10

Being a woman is a superpowe1 week into pregnancy

♬ original sound - edinamusa10

Едина е во 21-вата недела од бременоста. Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе добие бебенце.

Едина Муса

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20991 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.