Едина Муса ужива во секој момент од бременоста. Македонската кошаркарка си го гали трудничкото стомаче на фотографии направени по повод свадба на пријатели.
Таа носи црн припиен фустан кој одлично го истакнува нејзиното пораснато стомаче во 23-тата недела од бременоста.
„Мама и Максим“ – пишува на една од фотографиите.
Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе добие бебенце.
Едина постојано вежба и во бременоста и споделува видеа на Instagram.