Ед Ширан сподели среќна вест. Популарниот пејач ја запроси својата девојка со која е во врска речиси три години и која е инспирација за неговите хитови.
26-годишниот музичар ѝ предложи брак на саканата Шери Сиборн на крајот од минатата година. „Си добив свршеничка кратко време пред Нова година. Ние сме многу среќни и заљубени“ – напиша Ед во описот.
Ед и 24-годишната Шери се запознале додека учеле во средното училиште „Томас Милс“ во Сафок, Англија. „Ја познавам Шери уште од 11-годишна возраст“ – изјавил тој неодамна.