Ед Ширан сними документарен филм за неговиот живот.
Во трејлерот, е прикажан патот кон славата на 32-годишниот пејач, а потоа смртта на неговиот најдобар пријател и дијагностицирањето на тумор кај неговата сопруга за време на бременоста. Тој низ солзи зборува за овие лоши вести кои ги добил во краток период и кои довеле до депресија кај него.
Најпрво на неговата сакана Шери ѝ бил пронајден тумор додека го носела нивното второ дете. Нејзината состојба барала операција, но поради бременоста, не можела да биде извршена.
По кратко време, тој дознал дека најдобриот пријател Џамал Едвард починал. Џамал беше музички продуцент кој му помогна на Ед да стане дел од најголемите музички имиња. Тој почина во февруари минатата година од срцев удар како последица на консумирање кокаин и алкохол.
Пред неколку дена беше објавено интервју со Ед за Rolling Stone во кое тој отворено зборуваше за најтешкиот период од неговиот живот.
„Чувствував дека не сакам да живеам повеќе. Чувствував дека сум под бран и се давам. На некој начин си во тоа нешто и не можеш да излезеш. Изгледаше себично, особено затоа што сум татко. Засрамен сум поради тоа“ – рекол тој.
Поттикнат од сопругата, Ед за првпат побарал помош за депресијата и започнал да оди на терапија.
По смртта на Џамал, пејачот се заколнал дека нема да допре дрога никогаш повеќе во животот.