Моника Белучи го чува својот приватен живот подалеку од очите на јавноста. 52-годишната холивудска ѕвезда ретко ги покажува своите ќерки, но овој пат тие не можеа да им побегнат на папараците.
Славната Италијанка беше „уловена“ додека излегуваше од хотел во Рим и се упатуваше на вечера заедно со ќерките Дева и Леони.
На фотографиите, 12-годишната Дева носи црна блуза со врвци и фармерки, додека слатката Леони е облечена во тренерка со Мини Маус.



Подоцна, Дева се пресоблече во црн фустан со висок шлиц, додека 6-годишната Леони носеше колоритни фустанче и патики и палто со леопардски принт.









Неодамна, во интервју за Vanity Fair, Белучи зборуваше за своите ќерки. „Моите ќерки се здрави, одлични на училиште, космополити, зборуваат пет јазици. Тие патуваат многу со мене, се навикнуваат да спијат во хотел или во различна куќа, без да се дестабилизираат на промените. Се надевам дека ќе можам да им ја дадам самодовербата која доаѓа однатре, чувството на љубов кое ти дава сила во животот“ – рекла таа.
Дева и Леони се деца на Белучи и актерот Винсент Касел, од кого таа се разведи во 2013 година.

