Ева Лонгорија периодов ја промовира својата нова мини серија „Land of Women“.
49-годишната ѕвезда од „Очајни домаќинки“ присуствуваше на настан со „инспиративни жени“ во Мадрид, Шпанија. За таа прилика, Ева избра тиркизен припиен фустан со разголен грб кој ѝ ја истакна атрактивната фигура. Таа сподели видео од женскиот собир и напиша:
„Брзо бегство во шармантен шпански вински град никогаш не е лоша идеја. Им благодарам на сите инспиративни жени кои со нас прославија за премиерата на ‘Land of Women’“.
„Land of Women“ се прикажува на Apple TV+.