Драган Спасов-Дац стапи во брак со Весна Терзиевска. Македонскиот пејач и актер заплива во брачните води на неговиот 59-ти роденден.
Свадбата била тајно организирана од неговата сакана, која го изненади на неговата роденденска прослава во скопски ресторан.
„Синоќа во очи мојот роденден, мојата Весна заедно со пријателите ми приреди несекојдневно изненадување. Во најголема тајност и без ништо да се посомневам, организирале матичар, и синоќа званично стапивме во брак.“
„Фала на сите, посебно на мојата лавица. Весна, те сакам бескрајно!“ - стои во описот на фотографија која тој ја објави од венчавката.