Една година откако ја расположија публиката со „Корона Чао“, Драган Спасов-Дац и Александар Митевски имаат нова забавна преработка насловена „Вакцина“.
Дуото, заедно со Брастет Скопје и со специјалниот гостин Денис Јанкуловски-Космонаутко, сними кавер на „Марина“ од Роко Граната на актуелна тематика – вакцината против коронавирусот.
„Пристигна ВАКЦИНА за добро расположение! И тоа како подарок за вас, на денешниот роденден на ‘Корона Чао’. Убавите идеи се раѓаат наеднаш, од никаде, од секаде... Ќе светне како сијаличка и треба да ја зграпчиш и да се зафатиш со неа, за да излезе онака како што посакуваш. Сѐ се сними и направи за еден ден, како што обично знаеме. Но, насмевката на лице и доброто расположение ќе ви траат со денови и месеци. Ова е една наша идеа на која не и дозволивме да ни побегне. Ширете ја насекаде. Искрено се надеваме дека трудот не беше залуден“ – порачуваат тие.