Синоќа Маријана и Росана ја израдуваа скопската публика и настапија заедно за првпат по речиси 20 години.
Сестрите близначки од Македонија пееја свои стари хитови, заедно со Дац и Александар.
Видео од изведбата покажува колку емоции пробудија нивните песни во скопскиот локал каде што настапија. Погледнете го:
„Сите заедно пеевме во еден глас со Маријана и Росана. Реприза навистина нема, но има кратко видео кое ќе остане засекогаш“ – напишаа Дац и Александар во описот.