Семејството Сталоне не ја пропушти овогодишната хуманитарна гала на amfAR.
Во Лас Вегас, Силвестер Сталоне пристигна со својата сопруга Џенифер Флавин и трите ќерки Софија, Систин и Скарлет. Четирите дами изгледаа прекрасно во вечерни тоалети кои ги истакнаа нивните фигури.
Силвестер и Џенифер ја добија наградата „Инспирација“ за нивната филантропија. Легендарниот актер донираше уникатна слика за аукцијата во живо.
На галата се собираа средства за amfAR, која е една од светските водечки непрофитни организации посветени на истражувањето на СИДА, превенција од ХИВ и едукација на луѓето за лекување на болеста. Беа собрани повеќе од 3 милиони долари на овој настан, а организацијата ќе добие и 11 милиони долари од аукција на ретки луксузни автомобили од Sotheby’s.