Дуа Липа имаше специјална придружба на црвениот тепих на церемонијата по повод примањето на Шер во Куќата на Славните на Рокенролот.
29-годишната пејачка, која има косовско потекло, зачекори на црвениот тепих заедно со татко ѝ Дукаѓин. Таа ги истакна тонираните стомачни мускули во црна дводелна комбинација од Prada.
Веднаш започнаа да се редат комплименти за изгледот на нејзиниот 55-годишен татко, кој ѝ предал „добри гени“, како што коментираат интернет корисниците.
„Добри гени“, „Убавината доаѓа од семејството Липа. Прекрасни“, „Каков татко, таква ќерка“, „Дуа е секогаш убава, но со татко ѝ е уште поубава“, „Ти не само што си секси и богата, туку имаш и згоден татко“, „Најдоброто од Дуа Липа е нејзиниот татко“ – се само дел од коментарите.
Пред неколку дена, Дуа настапи во „Ројал Алберт Хол“ во Лондон и ја доби поддршката од целото семејство Липа. Таа позираше со Дукаѓин, мајка ѝ Анеса, братот Џин и сестра ѝ Рина.
Дуа е родена во Лондон, а нејзините родители се од Косово. Тие ја напуштиле Приштина за време на конфликтот и заминале во Велика Британија. Во 2008 година, се вратиле да живеат во Приштина, каде Дуа научила албански јазик и ја започнала музичката кариера.