Ријана се појави на насловната страна на најновиот број на списанието Rolling Stone и со своите кратки фармерски панталони привлече многу внимание. Но, за многумина многу поинтересно е она што таа го призна во опширното интервју.
23-годишната пејачка зборуваше за Крис Браун, за нејзиниот љубовен живот и за дивиот секс во кој ужива. Од нејзините зборови стана јасно дека сцените од спотот „S&M“ не се нешто ново за неа.
„Навистина е забавно да си покорен во спалната. Имаш можност да си мала дама, да имаш некој мачо кој ќе биде главен. Тоа за мене е секси. Јас работам напорно и донесувам многу важни одлуки, па кога се работи за интимноста, сакам да почувствувам дека сум нечија девојка.“
„Сакам да сум плескана. Да си врзан е забавно. Ја сакам спонтаноста. Понекогаш со камшиците и синџирите испаѓа многу планирано – мораш да сопреш, да го земеш камшикот од шкафчето долу... Повеќе би сакала да ги користи рацете“ – отворено признала Ријана.
Во врска со олеснувањето на забраната за приближување за Крис Браун, Ријана објасни: „Тоа е моја одлука. Не значи дека ќе се смириме или дека ќе зборуваме некогаш. Едноставно значи дека не сакав да му приговарам на судијата. Не мора да зборуваме никогаш во животот. Само не сакав нему да му биде уште потешко на професионален план. Она што ми го направи мене беше лично и нема никаква врска со неговата кариера“.
Еве што уште изјавила дивата Ријана:
„Мојот прв бакнеж беше во средно училиште и беше најлошото нешто во мојот живот.“
„Мислам дека сум по малку мазохист. Не е нешто за кое сум горда и не е нешто што неодамна сум го забележала.“
Ријана има 14 тетоважи, 1500 пара чевли, сака да пазарува намирници и да готви, постојано доцни и нема возачка дозвола.