Ријана и Бритни ја кренаа публиката на нозе на вчерашната манифестација за доделување на музичките награди на Billboard.
Двете пејачки ја вжештија атмосферата со дует на контроверзната песна „S&M“. Облечени во идентични провокативни креации, тие го истурија целиот свој сексапил на сцената.
Провокативниот настап кој сигурно го улови вниманието на машката публика, Ријана и Бритни го завршија со тепачка со перници од кои на крајот се разлетаа пердуви.
Погледнете како изгледаа заедно двете популарни изведувачки: