Најновиот спот на Ријана ја доживеа својата премиера. Видеото е за песната „S&M“ и во него Ријана се појавува во неколку различни костими од латекс, со провокативен изглед на „лоша“ девојка.
Во видеото кое е режирано од Мелиса Мецукас всушност не се работи за див секс, туку преку него Ријана прави удар врз медиумите и таблоидите кои често објавуваат извртени приказни за неа и за нејзините колеги од шоу-бизнисот. Затоа, спотот почнува со сцени во кои Ријана е врзана на прес-конференција со новинари.
Спотот е забавен и исполнет со комични сцени, а во него зеде учество и познатиот блогер Перез Хилтон, кој е претставен како куче на Ријана.
Неодамна Ријана го оцени овој спот како нејзин омилен. „Супер сум! Имав фантастичен викенд снимајќи го моето најдобро/омилено видео досега!“ – напиша таа на Твитер.