Дејвид Гета и Џесика Ледон не се повеќе заедно.
По седум години врска, 54-годишниот диџеј и 30-годишната актерка се разделија. Причина за крајот на романсата биле нивните преполни распореди и обврски за патувања, што значело дека не можат да бидат повеќе заедно. Според извори на The Sun, Гета цело лето престојувал на Ибица, додека Ледон живее во САД.
Дејвид и Џесика започнаа да се состануваат во 2015 година, една година по неговиот развод од бившата сопруга Кејти. Тие беа во брак 22 години.