Даниел Кајмакоски е пресреќен што доби уште една голема радост во својот живот. Македонскиот пејач пред неколку дена доби ќеркичка, а сега сподели дека неговата сопруга Марина со бебенцето се вратија дома.
„Девојките ни стигнаа дома. Ви благодарам на сите за убавите честитки. Да живее Љубовта“ – напиша Даниел и објави семејна фотографија со Марина, синчето Стефан, новородената ќеркичка Емилија и својата мајка Ружа.
Даниел има и син од бракот со Кристина Димитријевска.