Семејството на Дарко Велковски и Тамара Чуприна се прошири со уште еден мал член.
28-годишниот фудбалер и неговата избраничка добија уште едно синче, кое го доби името Видан. Бебенцето се роди вчера, а веста на Instagram ја објави Тамара.
„16/6/2024 Видан Велковски“ – напиша таа.
Дарко и Тамара имаат и двегодишно синче кое се вика Ведран. Парот стапи во брак во јануари 2022 година, а направи свадбена прослава во јули минатата година.
ФОТО: Instagram / Tamara Chuprina Velkovska