Даниел Кајмакоски се гордее со своето семејство. Македонскиот пејач сподели семејна фотографија на која со широка насмевка позира покрај саканата и малиот наследник Давид.
„Очите се огледало на нашата душа“ - пишува Даниел во описот на фотографијата, а преку хаштаговите дополнува дека тројцата имаат различна боја на очите.
33-годишниот музичар кој се прослави со шоуто „The X Factor Adria“ и манекенката Кристина Димитријевска станаа родители во февруари годинава.