Даниел Кајмакоски стана татко. Македонскиот пејач, кој се прослави со шоуто „X Factor Adria“, сподели дека доби син.

Со порака и фотографии на Facebook, Даниел го претстави малиот Давид. „Отсекогаш сакав да бидам млад Татко!!! Со оваа реченица ме запозна целиот Балкан и денес ми се оствари мојата животна желба. Ви го претставувам мојот син Давид Кајмакоски! Радоста не може да се опише со збор“ – напиша Даниел и дополни дека „мамичка одмара“.



Пред неколку месеци, српските медиуми објавија дека Даниел чека бебе со манекенката Кристина Димитријевска.


