Пред неколку дена започнаа да се шират гласини дека Даниел Кајмакоски и неговата сопруга Марина го очекуваат второто дете.
Сега, македонскиот пејач одлучи да ја потврди таа вест и откри дека тие ќе добијат девојче. Тој сподели албум со фотографии од Вевчани, а на последната од нив, тој ѝ го гали стомачето на својата избраничка.
„Како Струга нема друга, ама без Вевчани ништо не правиме“ – напиша тој и во описот постави хаштаг #itsagirl (Девојче е).
Гласините за принова во семејството Кајмакоски се појавија уште на нивната свадбена прослава, кога тој објави фотографија од тортата. Покрај неа стоеше фигура розова бебешка количка. Коментарите уште повеќе се засилија која тој објави фотографии од одморот во Охрид на кои се гледаше пораснатото стомаче на Марина.
Парот се венча во јануари 2023 година, а направи свадба во мај годинава.
Даниел има уште еден син од првиот брак со Кристина Димитријевска.