Даниел Кајмакоски има за што да се радува. Македонскиот пејач го доби своето трето детенце и среќната вест ја сподели на Instagram.
Тој објави слатка фотографија од новородената ќеркичка, која го доби името Емилија.
„Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура од мојот живот започна. До мојата неверојатна сопруга Марина, ти си навистина наш херој. Те сакам“ – напиша тој.
Даниел со сегашната сопруга Марина има уште едно синче кое се вика Стефан.
Даниел има и син од бракот со Кристина Димитријевска.