Моника Белучи ја истакна својата безвременска убавина во црвен фустан на премиерата на „La Traviata“ во Палатата на уметностите „Кралица Софија“ во Валенсија, Шпанија.
За свечениот настан, 52-годишната актерка избра елегантна долга креација од модниот дизајнер Валентино Гаравани, кој беше и нејзин придружник таа вечер. Белучи се сретна и со шпанската кралица Софија, која исто така беше облечена во црвен фустан. Двете дами се поздравија со насмевка.

















Неодамна, Моника откри дека не вложува многу голем напор во својот надворешен изглед и дека ужива во храната.
„Не сум личност која се буди во 6 часот наутро за да оди во фитнес сала. Вистината е дека сакам торта и тестенини, случајна чаша вино и многу ретко цигара. Мојот совет е: Хранете се добро, пијте добро, имајте добар секс и смејте се многу. Останатото само ќе си дојде“ – изјавила таа.