Весна Петрушевска со носталгија се сеќава на моментот кога ја запозна својата ќерка Мина. Токму на нејзиниот 20-ти роденден, македонската актерка и водителка објави емотивен пост за уште повеќе да ѝ го разубави овој ден.
Денес, Мина живее и работи во Дубаи, заедно со Моника, која Петрушевска ја прими дома како свое трето дете.
Прочитајте го текстот, кој Весна го објави заедно со фотографии:
Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на батерии, да ти е страв да ја гушнеш оти беше порцеланска кукла. Поминавме заедно како за три животи, јас и таа. Но, таа нејзина насмевка ги освојува сите. Кога летово си замина за Дубаи со Мони (третото дете) ми кажа: ‘Конечно ќе се ослободам од сите што ме гледаа под око и што не ме разбираа.Само ти ќе ми фалиш од Македонија и баба...тато ќе го видам скоро.’ Денес полни 20 години, живее во Дубаи со Моника,оди на работа каде сите ја сакаат оти таа освојува на прва топка. Ова е првиот роденден каде не сме заедно. Ние родителите треба да сме лакот,а децата стрелата. Љубовта е несебична и многу повозвишена од што можеме да претпоставиме. Мина,Минка, Миниминима среќна 20ка ќерка. Да те немаше пак ќе те пронајдев и пак ќе беше моја ќерка ! Убаво да си поминете со Мони и колегите! Ова е твој ден и наздрави за сите нас.
Весна има две посвоени деца Мина и Кирил, додека Моника подоцна им стана дел од семејството.
Неодамна, Петрушевска откри дека има рак на дојка и дека мораше да си направи мастектомија.