На лицето на Силвестер Сталоне беше испишана огромна гордост додека позираше со ќерките Софија, Систин и Скарлет и сопругата Џенифер во Беверли Хилс. Семејството го прославуваше 50-тиот роденден на Џенифер.
Славеничката блескаше во бело покрај трите ќерки кои носеа кратки фустани.
72-годишниот актер и 50-годишниот поранешен модел се во брак 21 година.
Пред прославата во Беверли Хилс, Сталоне со ќерките беше фотографиран на одмор во Мексико.