Бариш Ардуч беше дел од добитниците на наградите на Harper’s Bazaar во Турција.
37-годишниот турски актер, кај нас познат по улогата на Омер во серијата „Вљубениот ерген“, мамеше погледи во елегантно издание во Истанбул. На свеченоста „Жени на годината“, тој се појави во класичен црн костум со бела кошула.
Бариш ја прими наградата Маж на годината од страна на турското издание на списанието.
Бариш е добитник на многу награди за Најдобар актер и е прогласен за Амбасадор на добрата волја од Друштвото за живот без рак на Турција.
Атрактивната турска ѕвезда е родена во Швајцарија во семејство на албански имигранти, но на 8-годишна возраст со семејството се сели во Турција, каде денес живее и работи. Првата улога Бариш ја доби во турската ТВ серија „Kiralık Aşk“.