Војвотката Кетрин и принцот Вилијам ја имаа најслатката придружба на официјалната прослава за 90. роденден на кралицата Елизабета. Среќниот пар со двете деца се појави и позираше на балконот на Бакингемската палата.
Малата принцеза Шарлот слатко се смешкаше облечена во розова креација, додека принцот Џорџ ја носеше истата комбинација која неговиот татко ја носеше на крштевката на принцот Хари пред 32 години.
На свечениот настан, Кетрин изгледаше отмено во креација од Александар МекКвин, која ја носеше на крштевката на ќеркичката Шарлот минатата година, и шапка со голем цвет.


















Кралицата Елизабета во светло зелена креација позираше покрај 95-годишниот сопруг Филип. Меѓу присутните на прославата беа и принцот Чарлс со сопругата Камила и принцот Хари.






Парадата за овој специјален ден вклучувала над 1.600 војници, 300 коњи и 400 музичари.