Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Најновите „лобутинки“ ќе го носат името на Блејк Лајвли

Најновите „лобутинки“ ќе го носат името на Блејк Лајвли

Блејк Лајвли е една од омилените актерки во светот на модата. Сега таа го доби и најубавиот моден комплимент – Кристијан Лобутин именуваше свој пар обувки според неа.

Францускиот дизајнер на обувки е познат по црвената боја на ѓонот на високите потпетици, а неговите чевли се меѓу најубавите во светот и тешко дека постои жена која не копнее да поседува барем неколку пара.

Сандалите „Блејк“Сандалите „Блејк“

Обувките „Блејк“ се отворени сандали со многу разнобојни ремчиња и наскоро ќе бидат пуштени во продажба во Америка и Велика Британија по цена од 750 евра.

Кристијан ЛобутинКристијан Лобутин со прототип на сандалите „Блејк“

Блејк раскажала за моментот кога Лобутин решил да именува еден од своите прекрасни модели по неа.

„Бев во неговото ателје и шетав наоколу, сите чевли таму беа премногу убави. Здогледав еден пар и реков дека никогаш немам видено нешто слично. Тој ме праша дали ми се допаѓаат и јас му одговорив дека сакам да спијам со нив под мојата перница секоја вечер. Во тој момент ми рече дека ќе ги нарече Блејк“ – раскажала ѕвездата од Gossip Girl.

Лајвли е и миленичка на Карл Лагерфелд, кој неодамна ја избра за рекламно лице на чантите на Шанел.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20903 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.