Марго Роби и Том Акерли со нетрпение го очекуваат раѓањето на нивното прво дете.
34-годишната актерка беше фотографирана за време на денско излегување во Лос Анџелес. Ѕвездата од филмот „Barbie“ го истакна пораснатото трудничко стомаче во припиен црн фустан. Роби беше видно расположена и среќна.
Пред неколку дена, извор близок до парот за People изјавил:
„Марго апсолутно со нетрпение го очекува своето дете. Со Том посакуваа да станат родители многу долго време и се пресреќни“.
Марго и Том се запознаа на снимањето на „Suite Française“, а во 2016 година стапија во брак. Тие се партнери и професионално, односно се двајца од четворицата основачи на LuckyChap Entertainment, под чија капа се продуцирани повеќе филмови меѓу кои „Barbie“ и „Birds of Prey“.