Џенифер Лопез со стилски погодок ги освои симпатиите на модните критичари.
За своето гостување во шоуто „Morning Mash Up“, 49-годишната пејачка и актерка избра црн модерен костум и бела кошула. Во својот стајлинг, Џеј Ло додаде црни чизми и впечатлива чанта од Шанел.

























Лопез во шоуто зборуваше за претстојната свадба со Алекс Родригез, музичките и филмските проекти на кои работи и ја промовираше новата песна „Medicine“.