И Влатко Лозаноски и Викторија Лоба се вклучија во предизвикот од СОС Детско село.
Кампањата #СетиСЕ има за цел заедно да создадеме убави спомени за секое дете, а поттикнува секој од нас да ги отвори старите албуми и да сподели фотографии од среќните моменти од детството.
Откако ѕвезди како Каролина Гочева, Калиопи, Јелена Јованова и Тарабунов споделија свои радосни мигови, истото го направија и Лозано и Лоба кои објавија мини албуми на Instagram.
„Ова сум јас, малата Вика. И имам малку трема додека му ја раскажувам новогодишната песничка на Дедо Мраз, а во себе си се мислам “што ли ми ставил Дедо Мраз во пакетчето??”“
„На следната фотографија сум дотерана во сопствен стајлинг и самостојно скратени шишки за фотосесијата во градинка. На третата слика веќе сум маче прваче.“
„Толку убави топли спомени ми будат овие фотографии и секоја од нив е своја приказна… Го прифатив предизвикот #СетиСе на СОС Детско село со искрени желби секое дете да има среќно и безгрижно детство“ – напиша Лоба во описот на фотографиите.
„10 слики посветени од нашето среќно детство.Искрено, 10 фотографии се премал број, за да се опфати сѐ што се случувало во минатото, но ова е нешто што набрзина можев да го добијам како архива и да го споделам со јавноста“ – напиша Лозано.