Викторија и Дејвид Бекам беа дел од гостите на државниот банкет организиран од кралот Чарлс во чест на емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад ал Тани, и на неговата сопруга Џавахер.
На свеченоста во Бакингемската палата, 49-годишниот поранешен фудбалер носеше елегантно црно одело, додека 50-годишната дизајнерка избра припиена креација од сопственото ателје.
Славните партнери чекореа фатени за рака додека се упатуваа на свечената вечера.
И Викторија и Дејвид имаат добиено кралски орден и се Членови на Редот на Британската Империја (OBE). Викторија беше одликувана од кралското семејство во 2017 година, а Дејвид во 2003 година.
@emisabethlilibet David Beckham and Victoria Beckham at the state Banquet @Victoria Beckham @David Beckham #davidbeckham #victoriabeckham #thebeckhams #beckham #royalfamily #statebanquet #2024 #statebanquet2024 ♬ sunet origi♡