Викторија и Дејвид Бекам уште еднаш покажаа дека се модни икони кои ја дефинираат стилската елеганција.
50-годишната дизајнерка и 49-годишниот поранешен фудбалер зрачеа со софистицираност на гала вечер во музејот Лувр во Париз.
Поранешната членка на Spice Girls изгледаше беспрекорно во црн сатенски фустан со долга опашка, додека Дејвид го надополни класичното одело со фини аксесоари како шал и машна.










Ова е првата изложба во Лувр целосно посветена на модната индустрија и нејзините креативци. Истата беше организирана за старт на Париската недела на модата, на која Викторија ќе презентира своја нова колекција.

