Џенифер Лоренс повторно имаше мала незгода на свечен настан. Популарната актерка падна на црвениот тепих пред премиерата на „The Hunger Games: Mockingjay Part 2“.
Во видеото од настанот, Лоренс не успева да се задржи на нозе, веројатно поради долгиот фустан.
VÍDEO da hora em que a Jennifer se foi ao chão! Tadinha gente hahaha :') pic.twitter.com/88DLEXzzEb
— JLBR - 7 Dias! (@JLawrenceBrasil) November 10, 2015
Црниот вечерен фустан на Лоренс доаѓа од модната куќа Ралф Лорен.





На премиерата во Мадрид, 25-годишната Оскаровка присуствуваше заедно со колегите Лиам Хемсворт и Џош Хачерсон.






Џенифер имаше и две „оскаровски“ паѓања. Во 2013 година падна додека се качуваше на бината да ја прими наградата Најдобра актерка, а една година подоцна таа падна на оскаровскиот црвен тепих.


