Дамиен Шазел ќе ги освојува љубителите на филмот со своето ново режисерско дело - „Babylon“.
Во филмот дејството се одвива во 1920-тите години во Лос Анџелес, а раскажува приказни за големи амбиции, проследени со подеми и падови во раната ера на Холивуд. Главните улоги ги толкуваат Бред Пит и Марго Роби, а се појавуваат и актерите Диего Калва, Тоби Мегваер, Кетрин Ватерстон, Ерик Робертс, Оливија Вајлд и Џин Смарт.
Погледнете го новиот трејлер:
„Babylon“ е планирано да излезе во 2023 година. Претходно, Шазел доживеа голем успех со филмовите „La La Land“ и „Whiplash“.