Кети Пери ја изведе својата најнова песна „Chained to the Rhythm“ на манифестацијата Brit Awards, која синоќа се одржа во Лондон.
Настапот вклучуваше два џиновски скелети и танчари скриени под куќарки, кои ја претставуваат Белата куќа. За време на изведбата, еден од танчарите падна од сцената. Погледнете го видеото во кое тој ќе ја згреши насоката и ќе падне:
The new left shark #BRITs2017 #KatyPerryBRITS pic.twitter.com/sObIoofgGv
— Katy Perry Venezuela (@KatyPVenezuela) February 22, 2017
Целосниот настап
Скелетите кои беа вклучени во настапот на 32-годишната пејачка, всушност ги претставуваа претседателот на САД, Доналд Трамп, и премиерката на Велика Британија, Тереза Меј. Не е тајна дека Пери ја поддржува Хилари Клинтон и стои на страната на Демократската партија.











