За време на викендот непланирано на интернет се појави нов спот на Ријана и Дејвид Гета за песната „Who's That Chick“.
Веселото видео е дело на Џонас Акерлунд, којшто е одговорен и за создавањето на многу популарни спотови како „Paparazzi“ на Лејди Гага и „Telephone“ на Лејди Гага и Бијонсе. Во спотот е прикажана Ријана, облечена во различни разнобојни креации како танцува во колоритна просторија.
Сепак, како што самата Ријана појасни, оваа песна нема да биде дел од нејзиниот нов албум Loud. „Who's That Chick е онлајн музичко видео/реклама која ја снимивме за Doritos и се појави пред планираното. Не сакам да се збуните... Doritos не е на никаков начин поврзан со Loud“ – изјавила Ријана.
Погледнете го спотот што е во стилот на Кети Пери, а кој дефинитивно покажува дека Ријана го има надминато „темниот“ период на нејзиниот минат албум „Rated R“.