Сања Николиќ и Марко Маринковиќ – Слаткар ќе станат родители.
Славниот македонски пар со фотографија ја објави среќната вест дека го очекува првото дете.
На фотографијата, убавата манекенка позира пред огледало додека го гали трудничкото стомаче.
„Ќе станам татко. 2020 ќе биде мојата најсреќна година. Ви ги посакувам моите убавини“ – напиша познатиот музичар на Instagram.
Сања и Слаткар се венчаа во 2014 година.