Вистинска семејна драма се одвивала во лифт за време на една од забавите по повод балот МЕТ одржан пред една седмица.
Соланж Ноулс, сестрата на Бијонсе, насилно го нападна Џеј Зи, а сето тоа било снимено од безбедносните камери.
Во видеото кое го објави порталот TMZ, Соланж го напаѓа Џеј Зи веднаш по влегувањето во лифтот, додека Бијонсе мирно ја набљудува ситуацијата без да се вмешува. Телохранителот на ѕвездите неколку пати се обидува да ја задржи Соланж додека таа го удира славниот рапер.
Не е јасно која е причината за расправијата.
По излегувањето од лифтот, Бијонсе, Џеј Зи и Соланж биле фотографирани додека се упатувале кон своите автомобили. 44-годишниот рапер ја напуштил забавата во еден автомобил, додека сестрите си заминале во друг.