Ријана ја сними првата реклама за промоција на својот парфем „Reb'l Fleur“. Во видеото се прикажани добрата и лошата страна на Ријана.
Ријана излегува од огромно цвеќе облечена во фустан со боја на праска и се движи низ прекрасна градина. Откако ќе помине низ едно огледало, фустанот ѝ станува црн.
Името на парфемот е многу слично на она што го пишува на тетоважата на нејзиниот врат, rebelle fleur, што во превод од француски значи бунтовничко цвеќе. Шишенцето на парфемот е во форма на штикла, а е украсено со црна лента и златен прстен на горниот дел кај распрскувачот.
Погледнете ја прекрасната реклама.