Фановите на делата на Колин Хувер конечно ќе дочекаат филмска адаптација на романот „Ова завршува со нас“.
Вчера се објави првиот трејлер за претстојниот филм „It Ends with Us“ во кој главните улоги ги имаат Блејк Лајвли и Џастин Балдони.
Лајвли ја има улогата на Лили Блум, додека Балдони го глуми машкиот протагонист Рајл Кинкејд.
Трејлер:
Книгата ја раскажува приказната за Лили, штотуку дипломирана студентка која се запознава и вљубува во маж кој се вика Рајл. Додека расте нивната поврзаност, во животот на Лили се враќа Атлас Кориган – нејзината прва љубов (врска со минатото што го има оставено зад себе). Неговото повторно враќање во нејзиниот живот ќе биде закана за сè што има изградено со Рајл.
Лили и Рајл успешно ќе ја градат нивната врска сè до моментот кога Лили ќе започне да ја гледа неговата насилна страна и ќе се потсети на односот на нејзините родители.
Нејзиниот татко ја малтретирал мајка ѝ, која го криела насилството, што довело Лили да чувствува одбивност кон двајцата.