Оливија Родриго имаше незгода на сцената во Мелбурн.
Пред нејзиниот настап во Арената „Rod Laver“, 21-годишната музичарка падна во „дупка“ пред 14.000 фанови, но брзо излезе од неа и продолжи да настапува како вистински професионалец. Подоцна, таа сподели видео на социјалните мрежи за да ги увери фановите дека е добро. „ОК сум, хахаха“ – напиша Родриго.
Кога се случи инцидентот, Оливија ги поздравуваше фановите одејќи странично по сцената и не гледајќи го отворот, падна во него.
„Боже, тоа беше забавно. ОК сум. Понекогаш едноставно има дупка на сцената, тоа е во ред“ – рече таа откако излезе од дупката.
Младата пејачка во моментов настапува низ Австралија како дел од нејзината светска турнеја „Guts“.
@livbedumb #subtleforeshadowing ♬ QKThr - Aphex Twin