На сцената на „X Factor Adria“ Давид Темелков вечерва настапи со „Једина“ од незаборавниот Тоше Проески.
„Постоеше само еден Тоше Проески, но постои само еден Давид Темелков“ – искоментира Александра Ковач, додека Жељко ја пофали новата фризура на македонскиот натпреварувач и дополни дека тој се снашол фантастично со големиот хит.
