Неколку месеци се шпекулираше, но сега веќе е потврдено од најсигурни извори: Мараја Кери е бремена со своето прво дете.
„Да, бремена сум. Ова е точно“ – изјави денес 41-годишната пејачка во шоуто „Today“.
Нејзиниот сопруг, 29-годишниот Ник Кенон кој исто така учествуваше во интервјуто, пресреќен изјави дека „детето е најголемиот дар на земјата“.
Во интервјуто Мараја спомна дека на пролет ќе стане мајка, но не ја откри датата на која се очекува да се породи.
Со поддршката на Ник, таа отворено зборуваше и за спонтаниот абортус кој го имала пред две години и колку тој период бил тежок за неа.