Кристина Стрезоска одушеви со својот најнов настап на „IDJ Show“.
На сцената на регионалното шоу, младата Македонка ја изведе евровизиската песна „Proud“ од Тамара Тодевска.
Кристина доби голем аплауз и пофалби од членовите на жирито. Погледнете го настапот:
„Жал ми е што моравме да чекаме толку долго за ваков твој настап, но ми е драго што го дочекавме. Ова ти е сигурно најдобриот настап досега. Имаш голем распон на гласот, денес покажа емоција, мислам дека денес си своја во комплетен сјај“ – ѝ рече Реља Поповиќ.
„Сметам дека ова е еден од твоите најдобри настапи. Мислам дека се чувствуваше удобно вечерва. Уживав во рефрените во полн капацитет“ – рече Наташа Беквалац.
„Ти си сега над своето. Ти си фантастична во вакви балади, особено оваа песна ти лежи неверојатно. Покажуваш и емоција и глас. Горд сум што си во мојот тим и се надевам дека цела Македонија ќе биде горда. Имаше мали грешки, но толку се мали што се занемаруваат, бидејќи емоцијата којашто ја покажа е фантастична и се наежив. Фала ти многу за ваквата изведба“ – ја пофали и Дарко Димитров.