Да беше некоја друга 51-годишна жена во новата реклама на очила за сонце на брендот MDG, можеби ќе бевме изненадени од нејзината храброст, но бидејќи тоа е Мадона, никој нема да каже ништо за провокативноста на рекламата.

Мадона ја сними рекламата за промовирање на новите очила за сонце кои ги дизајнираше таа во соработка со големите дизајнери Доменико Долче и Стефано Габана. Во неа е прикажана контроверзната пејачка во тесен простор во провокативна поза со помлад маж.
Според плановите, новите рекламни клипови со Мадона треба да се прикажуваат до февруари 2011-та година.