Линдзи Лохан повторно ветува божиќна магија во трејлерот за „Our Little Secret“.
38-годишната актерка сними нова романтична комедија во која токму на Божиќ се обединува со бившото момче (Иан Хардинг).
Во новиот филм, Лохан и Хардинг се „огорчени поранешни партнери кои се принудени да го поминат Божиќ под ист покрив откако ќе дознаат дека нивните моментални партнери се брат и сестра“. Тие одлучуваат да скријат од останатите дека некогаш биле во врска.
„Our Little Secret“ ќе започне да се прикажува на 27 ноември на Netflix.
Лохан сними празнична романтична комедија и пред две години, наасловена „Falling for Christmas“.