Ангелите на Victoria’s Secret знаат како да се забавуваат и да ја намалат тензијата пред почетокот на најголемата ревија. Прекрасните Адријана Лима, Миранда Кер, Кендис Сванапул, Дауцен Крус, Лили Олдриџ, Алесандра Амбросио, Беати Принсло и многу нивни колешки направија видео во кое танцуваат на песната на Џастин Бибер, „Beauty And A Beat“.
Видеото е направено за време на подготовките за големото шоу на познатиот бренд за долна облека.