Лејди Гага доживеа мал инцидент за време на нејзиниот концерт во Нов Зеланд. Додека еден од танчарите тргаше шипка од сцената, ненамерно ја удри популарната пејачка силно по главата.
По ударот, Гага накратко се допре со раката по главата, но продолжи да ја пее започната песна „Judas“, пред да замине зад сцената. 26-годишната ѕвезда доживеа мал потрес на мозокот и им се обрати на своите „мали чудовишта“: „Сакам да ви се извинам. Си ја удрив главата и мислам дека имам потрес на мозокот, но не грижете се, ќе го завршам ова шоу“.
Нејзината шминкерка Тара Савело потврди дека Гага има потрес, пишувајќи на Twitter: „Гага има потрес на мозокот, но ќе биде добро. Таа сака да знаете дека ве сака. Јас ќе се грижам за неа. Не можам да поверувам дека го заврши шоуто“.
По инцидентот Гага испеа уште 16 песни на концертот кој е дел од турнејата „Born This Way Ball“.