Додека светот очекува да дознае дали Леонардо Дикаприо ќе го добие првиот Оскар, популарниот актер е особено активен во сферата на заштита на животната средина.
41-годишната ѕвезда имаше средба со папата Францис на тема климатските промени. Леонардо го поздрави папата со бакнеж на раката, а на италијански јазик му се заблагодари за укажаната шанса да поразговараат.

На поглаварот на Римокатоличката црква, Дикаприо му подари книга со дела на Хиеронимус Бос, меѓу кои и сликата „Градина на земните задоволства“. Леонардо му објасни на папата дека копија од таа слика висела над неговото креветче кога бил мал.

„Како дете, не сфаќав што значи точно. Но, низ моите детски очи, претставуваше планета, утопија која ни беше дадена, пренаселеноста, изобилието. И на третиот панел гледаме затемнето небо кое за мене го претставува она што се случува во околината“ – објаснува Леонардо.
Видео
Филмската ѕвезда му даде на папата и чек, за да го искористи за хуманитарни активности кои му се драги.


Минатата седмица, преку својата фондација Дикаприо донираше 15 милиони долари. Leonardo DiCaprio Foundation е основана во 2008 година, со идејата за поддршка на проекти, иницијативи и организации чија примарна цел е заштита на планетата Земја.